Седум луѓе се повредени во сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово

Седум луѓе се повредени при судир на две возила околу полноќ на автопатот Тетово-Гостивар во близина на Горно Седларце.  Во сообраќајката учествувале товарно возило „там“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.К.(56) од Велес и патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(29) од гостиварска Долна Бањица.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Ф. и сопатникот во неговото возило А.З. од Долна Бањица, додека возачот на товарното возило  и неговите сопатници О.У., М.А., Е.У. и А.У., сите од велешко Јаболчиште, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово, информираат од СВР Тетово.

По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.