Седум лица повредени во сообраќајка во Скопје

Седум лица  се полесно повредни во девет сообраќајни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајки причинета е само материјална штета.

Според полицискиот извештај, во изминатотот деноноќие санкционирани се 29 возачи што се движеле со поголема брзина од дозволеното, три возачи кои возеле под дејство на алкохол, пет возачи што возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и еден возач почетник.

Исклучени од сообраќај биле и три нерегистрирани возила.

Изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 135 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 65 возила.

Полицијата санкционирала и четири возачи кои поминале крстосница на црвено светло и четворица за неправилно престројување.