Седум лица починаа од ковид-19, новозаразени се 342 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 135, Битола – 35, Велес – 17, Прилеп, Кавадарци и Берово – 16, Охрид – 15, Куманово – 13, Струмица – 10, Штип – 9, Кочани и Гевгелија – по 8, Свети Николе и Ресен – по 6, Радовиш и Валандово – по 5, Делчево – 4, Гостивар, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Тетово, Струга, Виница, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 348 оздравени пациенти од: Скопје – 141, Битола – 33, Прилеп – 25, Кавадарци – 21, Велес – 18, Кочани – 14, Ресен и Валандово – по 10, Гевгелија и Делчево – по 8, Штип – 7, Берово, Крива Паланка и Демир Хисар – по 6, Струмица и Свети Николе – по 5, Радовиш, Неготино и Тетово – по 4, Пехчево – 3, Охрид и Пробиштип – по 2, Гостивар, Кичево, Кратово, Виница, Богданци и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (67г, 74г и 79г) и по 2 починати лица од Битола (65г и 87г) и Охрид (65г и 77г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Направени се 2.349 тестови преку: ИЈЗ-266, ЦЈЗ Скопје-58, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–8, ЦЈЗ Куманово-63, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–159, Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-81, Биотек-116, Систина-64, лабораторија Лаор-49, Синлаб-9, Ремедика-8, Плодност–38, Генеа-12, Никоб лаб-214, ВФВ Медикал-26, Ели Медика-35, Ројал Медика–16, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 940.

Досега во земјата се направени вкупно 1.478.883 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.670, бројот на оздравени пациенти е 201.017, на починати е 7.616, а бројот на активни случаи изнесува 8.037.