Седум лица од Скопје и Битола уапсени поради дрога - кај нив најдени кокаин, хероин и марихуана

Лишени од слобода седум лица во Скопје и Битола, кај кои при преглед била пронајдена дрога.

Од МВР информираат дека изминатото деноноќие во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.А.(25), М.Р.(23), А.Ф.(36), Љ.М.(18) и 25-годишната С.С., сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени кафеава материја, прашкаста материја, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

Исто така, синоќа во 23:10 часот, на различни локации во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Ф.Ф.(32) и М.И.(33), двајцата од Битола, бидејќи при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

„По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци“, посочија од МВР.