Седум грешки кои зрелите жени не ги повторуваат во љубовта

Кога жената ќе дојде во зрели години, таа тогаш се среќава со себеси и дури тогаш почнува да живее за себе. Дотогаш веќе научила дека некои работи имаат поинаква вредност и дека некои работи треба да бидат взаемни. Зрелите жени сакаат љубов и врски полни со разбирање и топлина, сакаат некој кој ќе им биде поддршка. Поради тоа, зрелите жени не повторуваат некои грешки во љубовта.

Не оди на состанок ако не ѝ одговара времето и местото. Нејзе не ѝ е потребен маж кој не се интересира за нејзиното време и желби. Затоа никогаш нема да ја видите на места кои не ѝ одговараат, ниту пак ќе оди на состаноци во време кое не ѝ одговара.

Нема оправдување за неуспех после 40-та година. Кога ќе влеземе во 40-тите, би требало да имаме каква-таква кариера и пристојно место за живеење. Во младоста можеме да експериментираме и да го бараме она што највеќе ни одговара, но кога ќе дојдеме во одредени години, веќе треба да знаеме што сакаме од животот. 

Нема да молчи ако нешто не ѝ се допаѓа. Зрелата жена нема постојано да се жали и приговара, но ако нешто не сака, тоа јасно ќе го каже. 

Не меша љубов и интимни односи. Таа знае дека тие две работи можат да бидат силно поврзани, но понекогаш немаат допирна точка. 

Не се труди да изгледа подобро за мажот. Таа знае дека е доволно добра за себе и знае дека нема никаква потреба да менува за кого било. Секогаш е верна на себеси.

Не се плаши да постави прашање, но исто така е подготвена на кој било одговор. Во младоста многу жени се плашат да постават какво било прашање  кога нешто не разбираат, затоа што се плашат дека ќе бидат повредени или дека со своето прашање ќе го исплашат мажот. Зрелата жена знае дека баш со такво однесување се повредува себе и затоа е подготвена веднаш да ги разјасни работите.

Не чека пораки и повици. Зрелата жена или прва ќе прати порака или во потполност ќе ги исклучи од животот оние кои немаат време ниту за еден повик и постојано немаат време за неа.