Седница на Советот за превенција во Гази Баба заради инцидентите во автобусите на ЈСП

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски закажа седница на Советот за превенција, по повод инцидентите во автобусите на ЈСП и повредените ученици.

Од Општината информираа дека на седницата се поканети претставници на МВР; претставници од Собранието и други институции. 

Седницата ќе започне денес (19.08.22) во 12 часот, во просториите на општина Гази Баба барака број 8, соопштија од Општина Гази Баба.