Седмо издание на „Вечери на женски права“

Манифестацијата „Вечери на женски права“ по седми пат ќе се одржи во периодот од 7 до 12 март...

Во текот на шесте дена ќе бидат прикажани шест исклучителни документарни филма од новата светска и регионална продукција, кои ќе бидат проследени со дебати, а предивидени се и пропратни настани како изложба, конференција и промоција на книга.

Настанот се организира под покровителство на Градот Скопје, во соработка со UN Women, Кинотеката на Македонија, CRPM, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА и Институтуот за родови студии при УКИМ.

Програма:

07 март 2016 година (понеделник) 20.00 часот КИЦ Скопје

Изложба: Нераскажаните приказни на суперхероините 3

08 март 2016 (вторник) 09.30-13.00 часот Хотел Холидеј Ин

Национална конференција за одбележување на 10 годишнината од Законот за еднакви можности на жените и мажите: „Финансирање за родова еднаквост и Агендата 2030”.

8 март 2016 (вторник) 13:00 часот КИЦ Скопје

Промоција на преводот на третиот том од едицијата Историја на жените на западот: “Парадоксите на ренесансата и просветителството” во издание на Филозофскиот факултет во Скопје. Промотори: Проф.д-р Слободанка Марковска и Проф.д-р Денко Скаловски

8 март 2016 (вторник) 20:00 часот Кинотека на Македонија

СЛОБОДНИОТ ГЛАС НА ЕГИПЕТ - НАВАЛ ЕЛ САДАВИ (The Free Voice of Egypt - Nawal El Sadawi) Египет, Германија, 2015 г, 52 мин.

Режија: Констанзе Буркард (Konstanze Burkard)

Дебата на тема: Зошто феминизмот има толку непријатели

9 март 2016 (среда) 18:00 ч. Кинотека на Македонија

ТАНЏЕР ГОЛ (Tanger Gool) Мароко, Шпанија, 2015 г, 84 мин. Режија: Хуан Готје (Juan Gautier)

ДА СИ ЈА ЗНАЕШ СЛОБОДАТА (Know Your Freedom) ОАЕ, 2015 г, 76 мин

Режија: Суприја Шринивас, Галија ал Акили

Дебата на тема: На две патеки: мажите и жените во спортот

10 март 2016 (четврток) 20:00 часот Кинотека на Македонија

СОЛИДАРНОСТ ОД ЖЕНСКИ АСПЕКТ (Solidarity according to women) Документарен, Полска, 2015, 103 мин.

Режија: Марта Џидо, Пјотр Сливовски

Дебата на тема: Родовата еднаквост на политичката агенда

11 март 2016 (петок) 20:00 часот Кинотека на Македонија

АРИСТОФАН ВО ДНОПОЉЕ (Aristophanes in Dnopolje) Србија, 2015, 57 мин.

Режија: Наташа Милоевиќ, Небојша Радосавлевиќ

Дебата на тема: Двојна исклученост: жените од руралните средини

12 март 2016 (сабота) 20:00 часот Кинотека на Македонија

БОГ НЕ РАБОТИ ВО НЕДЕЛА! (God Is Not Working On Sunday!) Германија, Руанда, 2015, 84 мин.

Режија: Леона Голдштајн (Leona Goldstein)