Седмо издание на „Будење на свеста“, најпродаваната македонска книга за 2020

 

Книгата ,,Будење на свеста” од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ го доби своето седмо издание. Книгата која за првпат е издадена на почетокот на 2019 година, оваа година е добитник на признанието ,,Најпродавана книга од македонски автори за 2020 година”. 

Доживејте ја вашата духовна трансформација, имајте пред себе водич за лична и духовна преобразба, која ќе ве води низ едно патување по потрага на вашата личната вистина која овозможува вистински да се спознаете себеси и да ја препознаете внатрешната моќ која вистински исцелува со помош на ова македонско дело со единствена содржина на рамниште со светските бестселери.

На крајот на 2019 година, книгата беше изложена и на светскиот саем за книга во Франкфурт (Frankfurter Buchmesse) како единствен претставник на преведено дело на англиски јазик од областа на личен развој од Македонија и истата е достапна низ целиот свет преку сите светски онлајн платформи за книги како и на Amazon.

Ова дело кое е издадено до страна на издавачката куќа “Publisher” можете да го најдете на официјалната веб страна на македонски јазик на книгата https://bit.ly/2P7cGZt и на англиски јазик https://bit.ly/3auZlBJ од каде што може да се изврши онјалн нарачка, но истата може да се купи и во сите продажни места на  книжаницата ТРИ како и онлајн.