Седми смртен случај: По повеќе од 38 дена во болница, скопјанец почина од западнонилска треска

Министерот за здравство, Сашо Клековски информираше дека еден пациент починал, а регистриран бил и еден нов сомнителен случај на западнонилска треска во изминатите три дена.

Починатиот пациент бил 69-годишен маж од Општина Гази Баба, кој имал коморбидитети и бил најдолго хоспитализиран – повеќе од 38 дена.

Со овој случај, бројот на починати од западнонилска треска во земјава се искачи на седум.

Според Клековски, сите починати досега се мажи.

Во истиот период, во Радишани е регистриран и еден нов сомнителен случај.