„Secret Place“ - новиот албум на Тоше Проески со досега необјавени песни

На концертот закажан на 2 ноември 2018-та година во Борис Трајковски, повторно ќе им оддадеме почит на големите хитови на Тоше, но и ќе слушнеме нови, досега необјавени материјали.

Албумот е насловен „Secret Place“ и содржи нови, досега необјавени песни од Тоше.

Материјалот бил работен во студиото на познатиот англиски продуцент Енди Рајт, кој воедно беше автор и на претходниот англиски албум на Тоше – „Тhe Hardest Thing“.

За сите информации поврзани со албумот и концертот, следете го Фејсбук настанот.