Сечата на дрвја во Карпош 4, граѓаните сами си ја барале

Од Општина Карпош информираа дека екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, по барање на граѓани од околните згради, а по налог на Град Скопје, исекле две тополи. Ова е сторено, по претходно утврдени испитувања за состојбата на двете дрва.

Општина Карпош нема издадено налог за сеча на дрвјата во Карпош 4, а освен тоа, што е позначајно, на постоечката локација не е предвидена изведба на било каква инфраструктура или градежни активности – тврдат од Карпош.

На фејсбук страната на граѓанското здружение „Заедно за заштита на зеленилото на Карпош“ е објавено решението, со кое градоначалникот на Скопје одобрува да се исечат седум дрва и да се искастрат 21, во паркот лоциран помеѓу улиците Волгоградска и Љубљанска.

Одлуката за сечење на дрвата била донесена поради нивна старост и кршливост, заради што тие утврдиле дека постои опасност да паднат и повредат некого. Во одлукиата се вели и дека „дрвата што се за кастрење имаат широки крошни кои удираат во зградата и во паркираните возила и предизвикуваат материјална штета“.