Се знае кој ќе биде противник на македонските ракометарки на Светското кадетско првенство

Македонската женска ракометна кадетска репрезентација денеска против Шведска ја отвора главната фаза на Светското првенство во Скопје во кое избраничките на селекторот Љупчо Савевски пренесуваат два бода по синоќешниот убедлив триумф над Иран од 31-19.

Македонските ракометарки со максимален ефект од три победи го освоија првото место во групата Б и за пласман во полуфиналето ќе разигруваат со првиот и вториот од групата А, Исланд и Шведска.

Дуелот против Швеѓанките е на програмата вечерва од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, а во истиот термин македонските ракометарки в петок ќе играат против Исланд.

Селекторот Савевски изрази задоволство по вчерашната победа над Иран и изрази очекување дека македонските ракометарки ќе бидат уште подобри во следните натпревари.