Се знае кој ги краде и оштетува: За 4 дена уништени 7 и украдени неколку тротинети

Проектот со електричните тротинети беше воведен со цел да им овозможи полесен превоз на граѓаните на Скопје, но несовесни лица веќе уништиле дел од превозните средства, а биле и украдени неколку тротинети.

На социјалните мрежи има голем број реакции на револтирани граѓани затоа што некој ги уништува електричните тротинети и според „пресметка“ на корисниците на Твитер веќе седум од нив се оштетени.

Меѓутоа веќе биле украдени и четири тротинети, според корисниците на социјалните мрежи, иако само за три украдени електрични тротинети има потврда од Министерството за внатрешни работи (МВР).

-Пријавени се лицата кои го украдоа тротинетот и го ставија во багажник. Може да се забележат нивните ликови на камерите. Се знае и кој ги оштетува затоа што апликацијата ги евидентира корисниците. На крај по користењето на тротинетот, се слика и испраѓа во системот за да знаеме како е оставено возилото по користењето, вели директорот на турската компанија „Бин Бин“, Висар Дурак за „ММС“.