Се зголемуваат трошоците за градење- Ќе се зголеми ли цената на становите

Растат трошоците за изградба на нови станови. Во првите три месеци од годинава во однос на последниот квартал лани, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се зголемиле за 0,5%, материјалите поскапеле за 3,2%, додека трошоците за вработени се намалиле за 5,3%.

Доколку, пак, се направи споредба со првите три месеци од 2016 година, тогаш поскапувањето е регистрирано во трите сегменти. Дали ова ќе влијае врз цените на станбениот квадрат?

Градежниците во изминатиов период испраќаа пораки дека поевтинување не е опција, иако тоа беше прогнозата на Агенцијата за катастар на недвижности.

Градежниците велат дека на пазарот се нудат квалитетни станови, енергетско ефикасни, асеизмички изградени. Нивните проекции покажуваат дека пазарот на недвижности е стабилен, па цените би останале на ова ниво.

Домашните приватни компании тврдат дека не може да се понуди квалитетна градба по пониски цени.

Цените на квадратот на атрактивни локации во Скопје се движат од 1.000 до 1.200 евра.