Се зголемува свеста- продавниците за здрава храна се повеќе посетени

Од ден на ден се повеќе се зголемува свеста за користење на здрава храна кај луѓето. Тоа го велат и од продавниците за здрава храна, додавајќи дека и децата уште од мали нозе се учат на оваа здрава навика.

Порано купувањете здрава храна често доаѓало  откако ќе се појави здравствен проблем. Но, сега во продавниците за здрава храна забележале дека веќе не е така.

-Најмногу се користи лен, сончоглед, сусам, тиква тоа се семиња кои го намалуваат холетеролот во крвта, тие ги топиат маснотиите, ја подобрува работат на метаболизмот. Интегралниот ориз, истоа така, пченица рж, јачмен. Житарките барем еднаш дневно треба да бидат во исхраната“- велат од продавниците за здрава храна.

Децата во градинките добиваат здрава и кавлитетна храна. Овошјето и зеленчукот е задолжително на менито кај нив“.

Кампањата за консумирање здрава храна и практукување на физичка активност треба ја подигне свеста кај населението за поголема грижа за здравјето, бидејќи 80 отсто од дебелите деца остануваат цел живот дебели и со тоа стекнуваат предиспозиции за многу болести.