Се затвора Домот за деца без родители „11 ти Октомври“

До крајот на годината ќе се стави клуч на врата на домот за деца без родители “11 Октомври” преку процесот за деинституционализација штитениците ќе бидат сместени во згрижувачки семејства како и во мали групни домови.

Во моментот во Установата има 32 деца. За тие кои ќе живеат во 4-те стамбени единици ќе се грижат воспитувачите од  “11 Октомври”. Од министерството велат дека објектот ќе остане на државата и ќе го пренаменет за други социјални услуги.

Постапката за вадењето на децата од домовите е во тек и во специјалниот завод во Демир Капија и во Домот за доенчиња во Битола за каде се планирани специјализирани згрижувачки семејства поради нивната возраст.

- Така е секаде во светот, децата да ги доближиме до семејства, изјави Мила Царовска, министер за труд и социјална политика

Деинституционализацијата  веќе е завршена за Домот “25 мај” од каде сите 25 деца летово се иселени во групни домови. Токму од оваа установа речиси секојдневно иамше евидентиурано бегства на малолетници, а година годинава имаше и слкучај на силување на штитеницка.