Се запалил камион на авотпатот Скопје-Тетово

Околу 20 часот на автопат Тетово-Скопје, во близина на селото Арнакија, И.Г. од Косово, додека управувал товарно возило „Ивеко“ со косовски регистарски и национални ознаки, забележал дека се запалил еден од пневматиците, по што оганот се проширил и ги зафатил и опожарил и другите пневматици.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

Повредени лица нема.