Се запалил автобус на ЈСП - возачот брзо интервенирал

Вчера околу 15:00 часот во СВР Скопје, Д.В.(59) од Скопје пријавил дека, додека управувал автобус на ЈСП, пред влез на село Цветово, забележал чад од предниот дел на автобусот.

Во полицискиот билтен се наведува дека возачот на автобусот откако го забележал чадот, застанал и со противпожарен апарат го изгаснал пожарот.

Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Скопје.