Се запалија две возила во скопски Аеродром

Вчера во 04.15 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ настанал пожар во патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Р.(31) од Скопје, информираа од МВР. 

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.