Се запали возило во движење во Скопје

Околу 12 часот на улицата Бутелска во Скопје вчера се запалило возило во движење.

Се работи за автомобил марка Пежо 406, кое било со скопски регистарски ознаки, а се запалило додека се движело. За среќа повредени лица нема, а како што информираат од полицијата, пожарот е изгаснат од случајни минувачи.