Се запали товарно возило во движење на скопски булевар

Пожар избувнал во товарно возило „мерцедес“ додека се движело низ Скопје.

- Вчера во 14:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улицата „Народни херои“ и булеварот „Борис Трајковски“ настанал пожар во товарно возило со радовишки регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот А.У. од Радовиш, информираа од МВР. 

Во пожарот нема повредени лица. Интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, која го локализирала и изгаснала пожарот.

На местото бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.