
Рано утрово се запали куќа во Гази Баба. Пожарот се случил изутринава 20 минути по 4 часот.
- На 17.04.2026 во 04:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба настанал пожар во куќа. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема, соопштија од МВР.