Се запали депонија со кабли во кочанско - огнот неконтролирано и брзо се проширил до првите куќи

Пожар избувнал денеска претпладне во населбата Трајаново Трло во Кочани, откако била запалена мини депонија со кабли за различна намена, кај локацијата позната како Дивите градби – месност викана Антена.

Огнот неконтролирано и брзо се проширил до првите куќи во населбата на едната страна и на другата страна до самиот двор на ТППЕ.

Горела сува трева и нискостеблеста шума.

На терен веднаш интервенираа екипи на ТППЕ и ДПД Кочани, со неколку возила и десетина пожарникари.

Според информацијата за МИА од Драган Апостолов, командир на кочанската ТППЕ,  состојбата била ставена под контрола, а огнот бил изгаснат.

Случајот ќе биде пријавен во ОВР Кочани и кај инспектор по пожари за да се утврди како дошло до избувнување на огнот и што го предизвикало.