
Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки се запалило вчера попладне на паркинг простор на улицата „120“ во Тетово. Пожарот бил пријавен во 15:55 часот во СВР Тетово, а во инцидентот нема повредени лица.
Припадници на Територијалната противпожарна единица Тетово интервенирале и го изгаснале пожарот. Возилото било сопственост на 62-годишниот Л.Д. од село Долно Палчиште. На местото извршила увид увидна екипа од СВР Тетово, а причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.