Се заловуваа кучиња скитнци во Ѓорче Петров, Аеродром, Карпош и Шуто Оризари

Минатата недела тимовите на ЈП „Лајка“ реализираа теренски активности на повеќе локации низ Скопје, со цел контрола и хумано справување со популацијата на бездомни кучиња.

Активностите беа спроведени во повеќе општини, при што граѓаните беа повикани за понатамошна соработка и пријавување на кучиња без ушна маркица, со цел поефикасна заштита и третман на животните и поголема безбедност во урбаните средини.

Кучиња скитници беа заловувани на територија на општините Ѓорче Петров, Аеродром, Карпош и Шуто Оризари, како и во населбите Волково, Даме Груев, Керамидница, Тенеке Маало, Инџиково, Драчево, Јурумлери и Автокоманда.