Се заљубуваме во оние кои ни помагаат да ја развиваме душата

Се заљубуваме во луѓе кои влегуваат во нашиот живот за да го забрзаат нашиот душевен развој и да ни помогнат да навлеземе во длабочините на нашата душа. Нивната задача е да ни покажат дека веќе поседуваме квалитети кои ни се потребни за понатамошен развој. Самата душа ги пронаоѓа тие луѓе наспроти нашиот здрав разум. Животот го прави она што треба да го направи.

Тоа е темелот на личниот развој, а истовремено и илузија. Ние всушност се заљубуваме во себе, или подобро кажано, се заљубуваме во идното ЈАС. 

Оние луѓе кои ги сакаме се огледало на квалитетите кои ѝ се потребни на нашата душа. Секоја маана всушност исчезнува во моментот кога ќе започне преобразбата. Внатрешната преобразба во суштина е болна и ние почнуваме да стекнуваме квалитети кои и другата страна ги поседува. За да се оствари тоа, мораме да поминеме низ некои внатрешни промени кои се однесуваат на нашите лични перспективи и гледишта. За жал, повеќето случаи тоа станува јасно дури по разделбата.

Болката нè катапултира во нов свет и кога ќе зачекориме во тој нов свет, без чувства можеме да се навратиме наназад и објективно да ги гледаме настаните од минатото. Илузијата конечно исчезнала, а она што останало е објективната реалност. Затоа, не ги обвинувајте другите за своите неисполнети очекувања. Следниот пат и вие ќе бидете причина за нечии промени. 

Се поставува прашањето: „Кога ќе завршат тие љубовни циклуси“?

За секого постои некој, некој кој ќе стане траен дел од нашиот свет, некој кој е близок на нашата енергија. Кога тие личности ќе се појават во нашите животи, подобро е нашата внатрешна состојба да е веќе подмирена, за да не мораме да ги бараме деловите кои недостасуваат.

Единствено нешто на кое сега ќе треба да се сосредоточите е создавање на нешто ново, нешто заедничко, нешто што ќе трае вечно.