Се заканувал на внукот и се обидел да го нападне со тврд предмет - уапсен 61-годишен скопјанец

Вчера во 11:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.О.(61) од Скопје.

Како што се наведува во полицискиот билтен, тој бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на неговиот 40-годишен внук и се обидел да го нападне со тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.