СЕ ВРЗУВА КРАЈ СО КРАЈ: Купувачите секојдневно доживуваат ценовен шок

На високите цени на овошјето и зеленчукот се жалат граѓаните, кои едвај врзуваат крај со крај. Велат најскапо е во пазарните денови.

И покрај тоа што зголемувањето на цените на домашните тезги стана вообичаена практика за време на големите празници како што се Божик и Велигден, граѓаните се жалат дека е скапо преку целата година, а причината за тоа е нискиот стандард.

„Бананите се 50-60 денари,  краставиците 50, лубениците дека е рано се поскапи, 100 денари кило“ - велат купувачите.

За едно  четиричлено семејство да може достоинствено да го преживее месецот потребни се нешто над 32 илјади денари покажува последната пресметка на минималната синдикална кошничка нешто што е десетина илјади денари повеќе од една просечна плата.

Најмногу пари или 13.408 денари во март биле потребни за храна и пијалоци, а 8.253 денари за комунални трошоци и покуќнина. За лична хигиена се одвојувале 2.301 денари, а за превоз  2.349,34 денари.

677 денари граѓаните издвојувале за одржување на здравјето.

Просечно исплатена нето плата во март била 13.408 денари, а за да се преживее месецот  32 418,00 денари.