Се врши дезинфекција и дератизација во десетте основни училишта во општина Карпош

Почнувајќи од вчера, овластена фирма која ја ангажираше општина Карпош, спроведува дезинфекција и дератизација во десетте основни училишта кои се наоѓаат на територија на локалната самоуправа.

-Сите образовни установи ќе бидат опфатени со оваа акција, најдоцна до крајот на месецов, а потоа ќе бидат дезинфицирани и дератизирани детските градинки, информираа од општината. 

Инаку, секои шест месеци во годината, општина Карпош спроведува сеопфатна дезинфекција и дератизација во предучилишните и училишните установи, со цел да им обезбеди на децата здрави и хигиенски услови за престој и работа, велат од локалната самоуправа на Карпош.