Се врши целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин

Деновиве се врши целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин, информираа од општина Аеродром. 

- Салата, по 15 години, добива нов изглед. Се обновуваат и се бојадисуваат внатрешните ѕидови, се поставуваат нови елементи за вежбање, како и енергетско-ефикасни ЛЕД-светилки. Инаку, доградбата на ова училиште се одвива според планираната динамика, со што ООУ „Блаже Конески“ по неколку децении конечно добива современ изглед со нови училници, голем хол со бина, главни скали и лифт, кујна со трпезарија, нови тоалети и тоалет за лица со посебни потреби, како и други помошни простории, додаваат од општината.