Се врати дома малолетникот од Скопје кој беше пријавен за исчезнат

Четиринаесетгодишното момче од Скопје кое беше пријавено за исчезнато само се врати дома. Од МВР соопштуваат дека таткото на момчето ги известил еден ден откако беше пријавен во полиција дека е исчезнат, неговиот син се вратил дома.

Во полициската станица во Карпош пред два дена беше пријавено дека малолетник се оддалечил од семејниот дом и не се вратил назад. Ф. С. (41) од Скопје ги извести надлежните дека го нема неговиот син и полицијата започна потрага по момчето.

Но, малолетникот сам се вратил назад.