Се враќам во Скопје после многу години – различно, а сепак исто, истата миризба на мојот град како пред многу време

Скопје, некогаш и сега. За некои многу различно, за некои исто. Некои го знаат Скопје, уште кога започнало да живее, од многу одамна, некои го знаат вакво како што е денеска.

Носталгијата за старо Скопје, е присутна, особено кај старите скопјани. Имаат убави спомени на кои се сеќаваат секој ден. Сликите во главите никако не избледуваат.

Милица, после 15 години се враќа назад во својот роден град. Во својата татковина, во своето Скопје. Судбината ја натерала да замине далеку од тука, и никогаш до сега немала храброст за да се врати. Сега после 15 години, собира сили и доаѓа во Скопје. Доаѓа само на посета, но не останува тука да живее.

-Почнав да плачам уште кога ја купив картата за Скопје. Уште од тој момент. Солзите беа се порисутни, како се доближуваше времето да тргнам. Плачев и додека се пакував, и додека се возев во авион и кога стигнав на аеродром. Силни емоции. Плачам и денеска, иаку сум тука еден месец. Мое Скопје... Скопје во кое се родив. Тука пораснав. На една прекрасна улица, која ја има и денеска. Истата онаа улица, се уште со коцка. По некое дрво, иако порано имаше многу. Истата онаа миризба на рана пролет. Куќите изменети. Нови соседи, многу малку има од старите, раскажува Милица.

Центарот на Скопје е многу различен, вели таа. Не очекував толку да е сменето. Но, знаете, изгледот е различен, но магијата на Скопје се уште е иста. Миризбата која е опојна. Истата. Се сеќавам уште тогаш. Некој си зема за право за да го менува Скопје, не никогаш нема да може да ги смени овие две работи – магијата и миризбата, додава Милица.