Се враќа ли социјализмот - недела да биде неработен ден и за маркетите и продавниците

Се враќа ли социјализмот? Предлог: Недела да биде неработен ден за сите! И за маркетите и продавниците! 

Во последно време сè повеќе се размислува за скратување на работната недела, бидејќи се смета дека тоа позитивно влијае врз продуктивноста на работниците и им овозможува да постигнат баланс меѓу работниот и приватниот живот.

Владата планира недела да биде прогласен за неработен ден за сите.

Синдикатите и работодавачите се со различен став околу ова прашање. Првите сметаат дека сабота и недела треба да бидат денови на неделен одмор, а вторите велат дека е нелогично да се ограничува работењето на одредени трговски објекти во недела со оглед на нивната спефицична дејност и оти е најдобро секој трговец сам да одлучи како ќе го организира своето работно време.

Недела неработен за трговците. Вакво законско решение кое некои земји во регионот почнаа да го применуваат, засега е неприфалтиво за македонската економија.  Од организацијата на работодавачи велат дека домашата економија е се уште кревка и со тоа штета ќе се нанесе и на работодавачите и на вработените. Потрошувачката ќе се намали, а тоа може да се одрази и врз платите на работниците.

Во Црна Гора се воведе неработна недела за трговците, а Србија е во процес на одлучување за неработна недела.

Ниту во Германија, Австрија, Полска и Словенија не се работи во недела. Додека пак, Скандинавските земји, излегоа со иницијатива за скратување на работната недела на 4 работни денови. Јапонската влада, пак, одлучи на работниците да им се дозволи пауза за спиење за да бидат попродуктивни.