Се вози по влажни коловози, еве каде има гужва утрово во Скопје

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. На патниот правец Тетово – Попова Шапка има остатоци од кашест снег по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат, соопшти АМСМ.

На планинскиот премин Ѓавато, поради појава на магла видливоста е намалена до 50 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

ЦУКС известува дека во овие утрински часови поголем број возила во Скопје се забележуваат долж:

-бул.Гоце Делчев во двете насоки,

-бул. Кузман Јосифовски Питу кон Центар,

-ул. 11 Октомври кон Центар,

-ул. Димитрије Чуповски во двете насоки,

-бул. 3та Македонска Бригада кон ул. Пролет,

-бул. Илинден во двете насоки,

-бул. 8ми Септември во двете насоки,

-бул. Свети Климент Охридски во двете насоки,

-ул. Свети Кирил и Методиј кон бул. Водњанскa.