
Речиси 630 возачи биле санкционирани за надминување на дозволената брзина во рамки на засилена сообраќајна контрола спроведена низ целата држава.
На 4 октомври, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при МВР спровел зајакнати акциски контроли насочени кон возачите кои управувале возила со брзина поголема од дозволената.
- Од вкупно 628 констатирани прекршоци, 344 биле направени од возачи кои ја надминале дозволената брзина надвор од населено место, додека 284 прекршоци биле регистрирани во населени места. За сите прекршоци биле преземени соодветни мерки и изречени санкции согласно законските прописи. Во текот на контролите биле констатирани и дополнителни 66 прекршоци од друг вид, информираа од МВР.
Од МВР најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со засилени сообраќајни контроли низ целата држава, со цел зголемување на безбедноста и намалување на ризиците предизвикани од непочитување на ограничувањата на брзината.