Се воведуваат рестрикции на водоснабдувањето во Булачани

Од ЈКП „Гази Баба 2005“ ги известуваат корисници на водоводниот систем Булачани 1 дека ќе бидат воведени рестрикции на водоснабдувањето, за да се ограничи употребата на водата за полевање на земјоделски површини односно обезбедување на вода и за корисниците на повисоките зони. Тоа како што соопштија од ЈКП „Гази Баба 2007“ ќе се превземе поради големата потрошувачка на вода од што се јавува недостиг на вода за пиење на високите зони.

Периодот на водоснабдување на сите корисници ќе биде наутро од 6.30 до 9 часот и попладне од 18.30 до 21.30 часот. По стабилизацијата на состојбата рестрикциите ќе бидат веднаш укинати Воедно, во Булачани, претпријатието заедно со инспекциските служби на Општина Гази Баба спроведуваат акција за откривање на злоупотреба на водата и дивите приклучоци.

- Акцијата ќе трае се додека не бидат проверени сите корисници на водоводниот систем Булачани 1. Сите злоупотреби ќе бидат санкционирани и ќе биде поведена соодветна прекршочна или кривична пријава, соопштија од ЈКП „Гази Баба 2007“.