Сè во свое време...

 

Некој завршил факултет на 22 години, а потоа му требале години за да најде работа.
Некој станал успешен директор на 25 години, а починал на 50.
Некој станал директор на 50, а живеел до 90 години.
Некој сè уште е сам, а други веќе имаат семејство и деца.
Макрон стана претседател на 39, а Роберт Мугабе дури на 63 години.
Шумахер станал шампион на 25 години, а Нино Фарино првата победа ја имаше на 44 години.
Кајли Џенер стана најмлада милијардерка на 21 година, оставајќи ги зад себе другите млади машки милијардери.
Познатиот ирски пивар Артур Гинис имал 21 дете на свои 56 години, а Џорџ Клуни на 55 години првпат стана татко.
Секој на овој свет води своја трка и оди по сопствениот пат, во свое време.
Времето тече различно за секого.
Кога малку подобро ќе размислите, сите работи на светот се одвиваат во своја временска зона.
Вашите пријатели можат да бидат пред вас, а некои можеби ќе останат зад вас.
Сето тоа е природно.
Секој живее во своја временска зона.
Не треба да им се завидува на другите, ниту да се споредуваме со нив, затоа што тие се во својата временска зона, а ние во нашата.
Животот е момент. Исчекување на вистинската можност да се остварите.
И затоа опуштете се и уживајте.
Не сте задоцниле.
Не сте пораниле.
Пристигнувате во вистинското време.