Се вдоми првото куче од Лајка

ЈП Лајка денес соопшти дека првото куче од прифатилиштето е вдомено. Во соопштението стои дека кучето со име Мими после уредно поминати третмани и испитувања конечно го пронашло својот дом.

„Мими е првото куче од прифатилиштето на ЈП Лајка, кое си го најде својот дом. Вистински љубител на кучиња си го пронајде својот иден миленик и веќе ја запозна Мими со своето идно семејство. 

По згрижувањето во прифатилиштето на ЈП Лајка кучето Мими уредно ги помина сите третмани: крвно испитување, негативен тест на лишманија по акредитирана метода, негативен 4D тест, стерилизација, вакциниција од беснило и заразни болести. 

Благодарение на негователите и нивната неизмерна посветеност во прифатилиштето на ЈП Лајка, Мими се стекна со хигиенски навики и одличнo се сложува со другите кучиња. 

Оваа слатка убавица мала по раст е само една од изборот на кучиња спремни за вдомување во прифатилишето на ЈП Лајка, кои со нетрпение чекаат да го најдат својот иден вдомувач“, соопштија од Лајка.