Се уште постојат хумани срца: Брачен пар додека е во изолација шие заштитни маски и ги подарува!

Многу е убаво кога знаеш дека хуманоста се уште постои. Хумани луѓе, топли срца, искрени насмевки. 

За некого да насмееш, некогаш потребно е многу малку. 

Убава е оваа приказна, на еден прекрасен брачен пар од Скопје. 

Марија и нејзиниот сопруг Орде, додека се во домашна изолација изработуваат заштитни маски. Но, не ги продаваат и не заработуваат на грбот и маката на граѓаните, туку истите ги подаруваат таму каде што се најпотребни. 

Деновите во изолација така им поминуваат побрзо. Орди ги крои, а Марија ги шие маските. 

Деновиве на социјалните мрежи круже слики од нивната домашна работилница. Фотографиите се постирани од нивната ќерка, која апелира до сите оние кои имаат навистина потреба од заштитна маска, да се обратат до нив. 

Колку е убаво кога има хумани луѓе, зарем не?