Се уште нема кончено решение за дислокација на Центарот за зависници во Кисела Вода

За релативно брзо време ќе се најде решение за Центарот за зависници во Кисела Вода. Како што посочува министерот за здравство, активно се работи на наоѓање нов објект за Центарот и негово дислоцирање од Кисела Вода.

Спиред министерот, новиот објект ќе ги задоволи сите стандарди и тој ќе може дополнително да ја зајакне услугата во смисла на квалитет.

Жителите од Кисела Вода вчера по трет пат се собраа на протест барајќи дислоцирање на Центарот за зависници. Велат дека стравуваат за нивната и безбедноста на нивните деца, бидејќи во дворот на Центарот за зависници постојано наоѓаат медицински отпад.

Незадоволни од тоа што не слушнаа конкретен датум за преместување на центарот, најавија дека во зависност од  средбата со градоначалникот на општината, на која треба писмено да ги добијат конкретните рокови за целосна дислокација на болницата, ќе решат дали ќе продолжат со протестите.

nike air max 1 sale