Се уште има луѓе заглавени во автобусот, помош стига и од другите градови

Патнички автобус со 50-тина патници излетал и се превртел од кај село Ласкарци на излезот од Скопје, движејќи се по новиот пат кон село Бојане, потврдија од Здравствен дом Скопје.

На местото на сообраќајната несреќа испратени се 11 амбулантни возила, од Скопје, Куманово и Тетово. Има повредени патници и дел од нив веќе се пренесени во болница.

Од МВР сè уште чекаат поконкретни информации.