Се уриваат објектите на потегот за продолжување на булеварот АСНОМ

Екипи на Град Скопје продолжуваат со уривање на објектите кои се наоѓаат на трасата за продолжување на булеварот АСНОМ преку новиот мост во Аеродром низ Керамидница, информираат од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека објектите кои се уриваат се експропирани, а сопствениците се обесштетени според законски предвидената методологија.