Се уриваат дивите тераси во Скопската чаршија

 

По рушењето на дивите тераси во Општина Центар, извршен е инспекциски надзор и во Скопската чаршија. Во надзорот било утврдено дека речиси сите угостители поставиле летни тераси без дозвола. Сепак, и покрај најавените казни од 5000 евра, само неколку од сопствениците работеа на отстранување на летните тераси. Останатите сопственици посочуваат дека побарале, но не добиле дозвола од општината, бидејќи било најавено реновирање на калдрмата во Чаршијата. 

Општина Чаир во понеделникот им даде рок од 5 дена на сите кафеанџии во Чаршијата да ги отстранат дивите тераси.

Градските и општинските инспектори велат дека голем дел од угостителските објекти многу години работеле на диво, без одовренија, а не плаќале ниту комунална такса за поставените маси на јавна површина. 

Од општината посочуваат дека никој нема да биде поштеден, односно дека нема да биде дозволено незаконско однесување од страна на сопствениците на локалите.