Се уриваат бараките кај Дрво Декор (фото)

Бараките кај Дрво Декор во моментов се уриваат. Овие бараки се сопственост на АД за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ и во нив досега под кирија беа сместени “Јаца инженеринг”, Такси “ИН” и кафеаната “Македонска куќа”.

Кираџиите рекоа дека решението за исселување им било дадено минатата среда со рок да ги исчистат просториите во рок од 8 дена, што тие тоа го сториле заклучно со вчера, по што денеска започна уривањето.

Тие велат дека просторот со бараките и паркингот, АД за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ го продале на “Фешн груп” кој тука, од пролет, ќе почне да ги гради висококатниците.

Од уривање, сега-засега се спасија киосците од левата страна на улицата со калдрма спроти Дрво Декор. И тие ќе бидат урнати напролет.

Фото: Вечер