Се уредуваат влезот од гробиштата во Ѓорче и сервисната улица за пристап - се чисти и каналната мрежа

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска информираше дека започнале со уредување на влезот од гробиштата и сервисната улица за пристап.

„Паралелно, се спроведува темелно чистење на каналската мрежа, со што системски ги решаваме проблемите со излевање долж улиците Радушка и Арсени Јовков, истакна тој.

Ова е планирана, одговорна и континуирана грижа за просторот и за луѓето, додаде градоначалникот.