Се уредуваат парковите и се чистат фонтаните во Аеродром

Во тек е пролетна за акција за уредување на парковите и чистење на фонтаните во Аеродром. 

- Првите денови во Аеродром се денови за пролетно уредување на општината кое опфаќа уредување на парковите и подготовка на фонтаните за пролетната сезона. Акцијата спроведена од страна на општинските служби во Аеродром изминатите денови опфати чистење, уредување и пуштање во употреба на фонтаните, како и одржување и уредување на зеленилото во парковите, велат од локалната сампуправа. 

Акцијата се спроведува на фонтаните на улицата „Тоше Проески“ во Ново Лисиче, како и во парковите „Јане Сандански“, Паркот на езерата, Паркот на светлината, паркот „Бановина“, паркот „Авион“, и паркот „Бојмија“.

 Пролетната акција освен уредување на зелените површини вклучува и голема акција за чистење на општината, отстранување на кабастиот отпад и отстранување на депониите на неколку локации во Аеродром.

- Општина Аеродром уште еднаш апелира до граѓаните за водење грижа за средината во која живеат, водење сметка за екологијата и отпадот во општината, а во следниот период ќе бидат реализирани низа активности со кои ќе се одбележи пролетта, но и роденденот на општината кој традиционално се одбележува во првата недела од април, велат надлежните.