Се уредувааат зелените површини во пресрет на пролетта

Периодов екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ активно работат на уредување на зеленилото во пресрет на пролетта.

Се врши кроење и кастрење на сувите гранки од дрвјата, кроење и обликување на грмушки, како и сезонско кроење на рози. Со овие активности опфатено е и отстранувањето на диво израснатото зеленило покрај патеките за движење низ јавното зеленило.
Истовремено, се работи на одржување на чистотата на јавните зелени површини низ градското зеленило со отстранување на смет и отпадоци, и собирање на лисја од тревниците.

Ова се дел од тековни активности за континуирано, редовно одржување на вегетацијата кои се адекватни за овој временски период од годината.