Се уредува зелениот „сквер“ кај Веро 2, еве како изгледа

Тревници, стебла, клупи и корпи за отпадоци, подобрено осветлување - ова е само дел од уредувањето на зелениот сквер во близина на маркетот Веро 2 во Тафталиџе. 

Оваа локација во Карпош е избрана од граѓаните како една од 7-те локации во Скопје идентификувани во рамките на Иницијативата на Скопје Лаб и УНДП што започна во 2018 година. 

„Со нови 50 висококвалитетни дрвја, нова урбана опрема (клупи и корпи за отпадоци) и ново осветлување, како и реквизити и опрема за забава и анимирање на најмладите, наменети и за децата со посебни потреби, овој простор ќе биде ново место за одмор, релаксација и дружење на граѓаните во оваа скопска населба“, известува градоначалникот Шилегов.