Се уредува зеленилото на патот кон село Горно Нерези

Екипи на ЈП”Паркови и зеленило” деновиве го средуваат зеленилото на патот кон село Горно Нерези до Етно Комплексот „Македонско село“ на падините на парк-шумата Водно.

– Вегетацијата во овој период е под постојан раст, особено во вонградската средина каде е доста распространета и треба редовно одржување. Покрај самата сообраќајна лента со косилици се врши кастрење на гранки од дрвја, кроење на грмушки и косење на трева. Исто така, се изврши и чистење на зеленилото со собирање на смет и отпадоци и расчистување на места претворени во диви депонии – велат од ЈП”Паркови и зеленило”

Оттаму апелираат граѓаните да внимаваат каде го складираат отпадот и совесно и одговорно се однесуваат кон природата и зеленилото. Изминатиов период екипите работеа во С.Р.Ц „Сарај“ и делови од локалитетот Кањон „Матка“.