Се уредува зеленилото на дел од јавните паркиралишта во Скопје

Продолжуваат акциите за чистење и уредување на зеленилото на јавните паркиралишта и јавните површини со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“- Скопје.

-Уредувањето на зеленилото т.е. кастрењето на гранките кои претставуваа опасност за возилата и чистењето на паркиралиштата беше спроведено од страна на службите на претпријатието во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“. Цел на акцијата беа зоните: Б10, Ц80, Ц81, Д3 и јавните паркиралишта: Тутунски комбинат, Зоил и Треска, информираа денеска од претпријатието. 

 ЈП ,,Градски паркинг"-Скопје и во иднина ќе продолжи да се грижи за хигиената на паркиралиштата со кои стопанисува со спроведување на редовни акции за чистење, велат надлежните.